Беше супермодел во 1980-тите, а денес изгледа уште подобро: Никој не старее поубаво од оваа русокоса!
Даниела Пештова
Чекореше по модните писти во златната ера на супермоделите, во доцните 1980-тите и 1990-ти години
Родена во Чешка во 1970 година, за три дена ќе наполни 51 година. Била откриена веднаш по средно училиште и иако планирала да запише факултет, по победата на натпревар за модели, се преселила во Париз и потпишала договор со Madison Modelling Agency. Кога по Париз се преселила во Њујорк, нејзината кариера почнала да цути.
View this post on Instagram
Се појавувала на насловните страници на водечки магазини, како што се GQ, Marrie Claire, Elle, Cosmopolitan. Редовно соработувала со магазинот Sports Illustrated, како и со брендот Victoria’s Secret.
View this post on Instagram
За разлика од повеќето манекенки од тој период, рано се омажила. Имала 25 години кога се венчала со Томас Бути, тогашен извршен директор на Fashion Caffe, со кого добила и син во 1996 година. Бракот не траел долго, се развеле во 1998 година.
Оваа година, на Денот на менталното здравје, напишала на Инстаграм:
„И јас одев на терапија, ми помогна. Во тој период бев млада, разведена, самохрана мајка, која живееше сама, далеку од семејството. Бев депресивна и се чувствував изгубено. Стрес, анксиозност, живот… Понекогаш не можеме да се избориме сами, понекогаш ни е доста од сè. Не е срамота да се побара помош, не треба низ сите работи да минувате сами.“
View this post on Instagram
Среќата ја пронашла покрај словачкиот музичар Певел Хабер, фронтмен на групата TEAM. Веќе 20 години се заедно и имаат две деца, ќерка Ела, родена во 2002 година, и син Пол, роден во 2009 година. Интересно е што Даниела течно зборува руски, англиски, француски и италијански јазик.
View this post on Instagram
И понатаму е активна и се појавува во бројни модни кампањи, а чест гостин е и на филмските фестивали и други манифестации во Чешка.
Минатата година заедно со Хелена Кристенсен учествувала во кампања за Victoria’s Secret.
View this post on Instagram
А едно од најдрагите снимања за неа и денес е снимањето на рекламата за Victoria’s Secret.
„Тоа е една од омилените реклами на кои сум работела, и секако, една од најтешките. Делот со танц и играње беше застрашувачки, но поминавме низ краток курс пред снимањето и мислам дека одлично завршивме сè“, напишала таа.
View this post on Instagram