Славско предјадење од готово лиснато тесто: Солени закуски готови за 15 минути! (ВИДЕО)

Вкусно и убаво на око

Пригответе богата славска трпеза за само 15 минути

Овие вкусни солени закуски се приготвуваат многу лесно и само со неколку состојки.

Состојки:
  • готово лиснато тесто
  • црни и зелени маслинки
  • виршли
  • рендан морков
  • рендана шунка
  • рендан кашкавал

Од овие состојки можете да направите многу интересно предјадење што можете да го искористите за славска трпеза или да приготвите вечера за домашните што сигурно ќе им се допадне. Освен што се убави на око, овие солени закуски се и многу вкусни.

Се печат на 200 степени, 15 минути.

Приготвување:

Исечете го лиснатото тесто на тенки ленти, направете круг и внатре ставете по две маслинки. Наредете три вакви круга во низа. Спојте го тестото со стапчиња на средина и ќе добиете совршен цвет.

За следната закуска, исечете го тестото на коцки, ставете помала виршла и завиткајте.

Со ножици направете резови по средината, во должина на целата ролна, а потоа одвојувајте ги исечените делови на левата и на десната страна, наизменично.

На овој начин ќе добиете форма на лист, кој по печењето ќе изгледа уште поинтересно.

Ако послужите вакво предјадење, сигурно ќе ги воодушевите сите присутни, а за приготвување не треба да вложите ни многу време ни труд. Во следново видео, погледнете како можете да приготвите уште некои еднакво интересни солени закуски.

Вкусно предјадење: Разубавете ја вашата трпеза со оваа полнета солена плетенка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.