По 17 години брак и три деца, големата љубов е пред распаѓање: Дали легендарниот фудбалер веќе има нова девојка?

Крај?

Веста одекна во Италија како гром од ведро небо

Славниот италијански фудбалер Франческо Тоти (45) и водителката, манекенка и актерка Илари Блази (40) по 17 години брак и три деца се близу до развод, пренесуваат италијанските медиуми.

Според некои гласини, односот на поранешниот капитен на Рома и познатото ТВ-лице пукнал поради меѓусебно неверство.

Како што се шушка, Илари флертувала со нејзин колега, а кога Тоти дознал за тоа, не само што не му се допаднало, туку и возвратил со иста мера.

Некои извори тврдат дека славниот фудбалер веќе подолго време е вљубен во друга жена.

Во последно време, Илари и Тоти не се појавуваат заедно во јавност и се чини дека многу малку излегуваат. Дури и на социјалните мрежи веќе некое време немаат заеднички фотографии. На роденденот на Тоти, на 27 септември минатата година, Илари не била присутна. Освен тоа, двојката жестоко се скарала на 5 февруари за време на семејно патување во Кастел Гандолфо.

Да се потсетиме, двојката е 17 години во брак и имаат три деца, син Кристијан и ќерки Шанел и Изабел.

(ВИДЕО) Сопругата на славниот фудбалер Тоти бакна водителка среде емисија, таа ѝ одговори: „Дали си луда?“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.