Совети од нутриционист: 14 чекори за чистење на организмот од отрови!

Здравјето влегува низ устата

Детоксикацијата или прочистувањето на организмот е многу важна и неопходна за организмот. Обично се советува тоа да биде при промена на годишните времиња, па пролетта е идеална за првата голема детоксикација

Прочистувањето на организмот се спроведувало со години. Во христијанството тоа се прави со постот кога се пости 40 или повеќе дена. Пролетта е идеалното годишно време за детоксикација на организмот.

Ако не знаете од каде и како да почнете, послушајте ги овие 14 совети на нутриционистите:

1. Редовен појадок 2 часа по будењето.

2. Салата од свеж, сезонски зеленчук, свежо цедени сокови од овошје и зеленчук, јаболков оцет.

3. Интегрален леб без пивски квасец.

4. Редовно консумирање свежи моркови и рибино масло.

5. Квалитетно џвакање на храната.

6. Почести, но помали оброци.

7. Здрава храна и обработка: свежа, готвена на пареа или печена, без дополнителни маснотии.

8. Одбегнувајте намирници што содржат шеќер.

9. Масната храна ја поместува pH рамнотежата во дебелото црево кон базна, со што се создаваат услови за скапување на храната и создавање отровни гасови.

10. Редовната употреба на свеж лук, лута пиперка, ким, ѓумбир и кари го подобрува расположението.

11. Оброците нека бидат едноставни. Мешањето премногу намирници во еден оброк, особено слатки и солени или консумирањето овошки и напивки веднаш по оброкот, го отежнува квалитетното варење со тоа што ги намалува желудочните сокови кои учествуваат во варењето.

12. Внесувајте доволна количина на течности, до 2 литри вода, природни чаеви и свежо цедени сокови.

13. Мала количина на нерафинирани масла за оброците и салатите: сусамово, ленено, маслиново, кокосово, масло од тиква.

14. Воведете еден ден одмор од храна. Тој ден јадете салати од свежо овошје и зеленчук, со ладно цедено масло и јаболков оцет и алги. Можете да јадете и чорба од зеленчук, како и сушено овошје со бадем. Количината ја одредувате сами, важно е да не бидете гладни и нервозни.

Руски нутриционист предупредува: Оваа храна е опасна по здравјето ако ја јадете секој ден!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.