Мистеријата зад фотографијата на кралицата Елизабета од младоста: Кралското семејство се обидело да ја цензурира поради ОВА!

Која е вистината?

На Интернет веќе со години кружи фотографија на кралицата Елизабета Втора од младоста, која покрена низа мистериозни теории на заговор

На социјалните мрежи, луѓето тврдат дека фотографијата прикажува друидска висока свештеничка како ја подготвува британската кралица Елизабета Втора за нејзиното крунисување. Исто така, се наведува дека кралското семејство се обидело да ја цензурира фотографијата.

Која е вистината за таа фотографија?

Фотографијата, всушност, ја прикажува тогашната принцеза Елизабета на културен настан во Велс во 1964 година, повеќе од шест години пред нејзиното крунисување.

Немало обиди да се скрие или цензурира фотографијата. Таа е широко достапна на Интернет, како и на веб-страницата на кралското семејство.

Натписот на оригиналната фотографија објаснува дека тогашната принцеза Елизабета ја води „аколит Архидруид Црвис Вилијамс“ низ нејзината иницијација во Мистичниот круг на бардови во Велс, на 6 август, 1946 година.

Мистичниот круг на бардови е здружение на поети, писатели, уметници и други луѓе кои дале значаен придонес за Велс, неговата култура и велшкиот јазик. Главната цел на здружението е да ја развива и промовира велшката поезија, книжевност, музика и уметност. Ги предводи „Архидруид“, официјалниот претседател на групата.

Кралицата била иницирана како „почесен лауреат“, што е највисокиот орден за заслуги во здружението.

Фотографијата од оваа церемонија во 1946 година била јавно изложена како дел од Кралската колекција на уметност во сопственост на британското кралско семејство.

Ова е тајната на долговечноста на кралицата Елизабета Втора
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.