Англискиот бренд Lush избра прекрасен подарок за 1 читателка

Миризливи и чисти од глава до петици!

Овој и многу други подароци можете да ги добиете следејќи нè на социјалните мрежи!

Lush ќе израдува една читателка на февруарскиот број на најтиражното списание за жени „Убавина и здравје“ со гел за туширање Rose Jam, скраб за тело Magic Crystals, лосион за тело Sleepy и сапун.

Гел за туширање Rose Jam – станувате зависни од неговиот слатко-овошен мирис. Со своите прекрасни состојки, како ванила, сок од гоџи-бери и богатството со витамини и арганово масло, овој гел навистина ве освојува. Специфичниот мирис се добива со комбинација на апсолут од турски рози и етерично масло од гераниум.

Скокнете под тушот, пуштете топлата вода да танцува околу вас и нанесете го скработ за тело Magic Crystals! Загревачкото масло од анис помешано со епсом сол ја стимулира и ја полира кожата, додека свежиот рузмарин и инфузијата од жалфија ја чистат и тонираат. По туширањето ќе го почувствувате ефектот на кристалите од ментол и маслата од пеперминт и спеарминт – магичен ефект. 

Ќе заспиете цврсто откако ќе го нанесете лосион за тело Sleepy, направен со нежна инфузија од овес, смирувачка лаванда и сладок апсолут од тонка. Завиткајте го вашето тело во овој прекрасен лосион за удобни ноќи во меки пижами покрај каминот.

Lotus FlowerСапуните Lush се рачно направени и без пакување, а дефинитивно ќе ве разгалат и исчистат од глава до петици!

Доколку сакате да го добиете подарокот, кој дефинитивно ќе подигне вашата секојдневна рутина за нега на повисоко и завидно ниво, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во март.

Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.