Руски нутриционист предупредува: Оваа храна е опасна по здравјето ако ја јадете секој ден!

Бидете внимателни

Сирењето е здраво и е омилениот производ за многумина што се консумира во секојдневните оброци, а особено е корисен во зима. Сепак, малкумина знаат дека тоа има и негативни страни

Рускиот диететичар и нутриционист Андреј Бобровски открива што ќе се случи со телото доколку секој ден јадете сирење.

„Постојат многу различни видови сирење што содржат многу масти и не е пожелно да ги јадете секој ден“, вели Андреј Бобровски, професор на медицинскиот факултет во Санкт Петербург.

Премногу сирење може да доведе до развој на атеросклероза (болест на затнати артерии), хипертензија и други кардиоваскуларни болести, како и до уролитијаза (појава на камен во празнините на уролошките органи), објаснил тој.

Сирењето не е производ за секојдневна консумација, бидејќи содржи многу калории, а освен тоа, содржи лоши масти и лош холестерол.

Составот на многу видови сирење вклучува и голема количина на сол, која исто така претставува закана за телото, додал тој. Ако не сте подготвени да го исклучите овој производ од вашата секојдневна исхрана, би требало да ја ограничите неговата употреба.

„Во умерени количини, сирењето е корисно и го зајакнува имунитетот. Тоа е млечен производ, богат со комплетни протеини и аминокиселини. Придонесува за доброто функционирање на целиот организам, а покрај тоа, сирењето е вреден извор на калциум и витамин Б. Истовремено, витаминот Б12 што се наоѓа во производот го прави особено корисен во зима“, рекол нутриционистот.

„Сирењето е извор на витаминот Б, особено на Б12, а тоа дејствува како некој вид хормон за задоволство, хормон за среќа – серотонин. Во зима, кога ноќите се долги, а деновите кратки, во јануари и февруари, витаминот Б12 се нормализира. Дејствува како средство за превенција на депресија, која е поврзана со недостигот од сончеви денови“, рекол Бобровски.

7 клучни намирници за здраво срце: Оваа храна е спас за кардиоваскуларниот систем, тврдат нутриционистите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.