Прекрасната сопруга на Владимир Зеленски е повеќе од прва дама: Нејзините зборови ги топат и најтврдите срца!

Дознајте повеќе

Украинскиот претседател одбил да ја напушти земјата по руската инвазија, а со него останала Олена Зеленска, неговата сопруга, која во Украина е позната по своето влијание, убавината, стилот и интелигенцијата

Олена Зеленска е повеќе од прва дама. Таа е многу образована и интензивно се залага за општествени цели, како што е родовата рамноправност, а се занимавала и со дипломатски работи. Со Зеленски е во брак од 2003 година и имаат две деца.

Зеленска од почетокот на инвазијата комуницира со граѓаните на својата земја преку социјалните мрежи:

„Драги мои луѓе! Украинци! Денес сите ве гледам. Сѐ гледам на телевизија, на улица, на Интернет. Ги гледам вашите објави и видеа. И знаете што? Вие сте неверојатни! Горда сум што живеам со вас во истата земја! И денес нема да чувствувам паника и солзи. Ќе бидам мирна и самоуверена. Моите деца ме гледаат. Јас ќе бидам покрај нив. И покрај мојот сопруг. И со вас“, порачала таа.


Зеленска е родена во 1978 година во Крив Рог. Студирала архитектура и стекнала мастер-диплома, но подоцна се посветила на пишувањето. Таа е една од коосновачите на Студио Квартал 95, најистакната украинска компанија за филмска и ТВ продукција и заслужна е за пишување сценарија во серии и филмови.

Како прва дама, ја прослави нејзината работа на реформите во исхраната во училиштата. Исто така, таа одиграла клучна улога во развојот на Национална стратегија што вклучува области како што се родова безбедност и културна дипломатија, како што забележал Украинскиот женски конгрес, на којшто редовно говорела.

Зеленска, исто така, го иницирала пристапувањето на Украина кон планот G7 за родова рамноправност.

Во јуни 2020 година, Олена Зеленска покренала иницијатива за ширење на украинскиот јазик во светот и воведување аудиоводичи на украински јазик на најпознатите места, особено во најголемите музеи во светот. Како дел од иницијативата, 11 аудиоводичи на украински јазик биле покренати во музеи во Азербеџан, Австрија, Италија, Литванија, Турција и Црна Гора.

Украинскиот претседател и неговата сопруга оделе во исто училиште. Меѓутоа, се сретнале многу години подоцна на факултет.

Биле во врска осум години пред да се венчаат. Имаат ќерка и син.

(Видео) Кој е човекот кој му пркоси на Путин? Се прославил свирејќи клавир со половиот орган, а сега е воен лидер…
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.