Ручек за денес: Калцони полнети со кашкавал и брокула!

Пробајте!

Совршен рецепт за ручек или вечера, а што е најважно, децата ќе го обожаваат!

Ако повеќе немате идеи што да му приготвите на семејството за ручек или вечера, ви предлагаме интересен рецепт. Мекото тесто полнето со кашкавал со додаток брокула е совршената комбинација за вкусен оброк.

Состојки:

За тестото:

  • 175 мл топла вода
  • 1 лажиче сув квасец (може да користите и околу 15 г свеж квасец)
  • 1 рамна лажица шеќер
  • 320 г брашно
  • 1 лажиче сол

За полнењето:

  • 1 мала главица брокула
  • 125 г рендан кашкавал по вкус (гауда, едамер)
  • 200 г рикота сирење
  • 3 лажици рендан пармезан
  • сол и бибер по вкус
  • маслиново масло
  • малку кора од лимон
  • 1 жолчка (за премачкување на тестото)
Приготвување:

За тестото, измешајте квасец, топла вода и шеќер, па оставете ги неколку минути за да се активира квасецот. Сипете го во брашно помешано со сол и замесете меко тесто. Оставете го тестото убаво да нарасне.

За филот, иситнете ги цветчињата брокула, ставете ги во плех, посолете ги малку и прелејте ги со лажица маслиново масло. Печете ги на 180 степени додека добијат боја на краевите. Извадете ги од рерна и оставете ги да се оладат.

Во друг сад, измешајте рикота, едамер и пармезан. Додајте ги печените брокули (можете уште еднаш да ги иситните ако не сакате поголеми парчиња), пробајте ги, па посолете и забиберете по вкус. Во оваа фаза можете да додадете и ситно рендана кора од лимон.

Нараснатото тесто поделете го на 4 еднакви дела. Секој дел расучете го во круг со дебелина од околу половина сантиметар. Рабовите премачкајте ги со вода, а на средина распоредете по една четвртина од филот. Преклопете го тестото како школка и добро притиснете ги рабовите. Префрлете ги калцоните на плех обложен со хартија за печење. Кога ќе ги направите сите четири калцони, вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.

За тоа време, калцоните треба уште малку да нараснат (не прескокнувајте го овој чекор, бидејќи тестото не би требало да пукне во текот на печењето и филот да истече). Премачкајте ги со изматена жолчка и ставете ги да се печат. Печете ги додека добијат златна боја на површината и на дното. Откако ќе ги извадите од рерна, оставете ги да се оладат малку, па послужете ги со сос на база на домати и лук.

Напомена:

Тестото можете да го замесите и претходната вечер. Штом го замесите, покријте го садот и оставете го во фрижидер во текот на ноќта. Наутро, кога ќе сакате да ги приготвите калцоните, извадете го тестото од фрижидер и оставете го да се стопли малку.

Нема да можете да му одолеете на овој италијански специјалитет: Пробајте калцони од рерна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.