Нема да можете да му одолеете на овој италијански специјалитет: Пробајте калцони од рерна!

Послужете ги како предјадење

Овие калцони за миг ќе ве одведат во Италија

Состојки:
  • 375 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 1 чајно лажиче сол
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 100 мл масло
  • 100 мл кисела павлака
  • 1 јајце за премачкување
  • сусам
  • мак

За филот:

  • 1 мал кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 1 жолта пиперка
  • 4 триаголници топено сирење
  • црн пипер
  • сол

Приготвување:

1. Се соединуваат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“, сол и прашок за печиво. Се додаваат маслото и киселата павлака, па со рака се меси мазно тесто. По потреба се додава уште малку вода или екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“. Се покрива со крпа и се остава да отстои 20 минути.

2. За приготвување на филот, кромидот се сечка ситно, а потоа се пржи на малку масло. Пиперката се сечка на мали ленти, се меша со кромидот и понатаму се пржи на умерена температура, додека омекне зеленчукот. Се додаваат сол и црн пипер по вкус. Во оладениот фил се става топеното сирење.

3. Се набрашнува работната масичка. По одморањето, тестото се сука, а потоа се обликуваат кругови со поголем тркалезна модла. На средината на секој круг се нанесува по една лажица од филот. Рабовите на тестото се премачкуваат со изматено јајце и се преклопуваат на половина.

4. Плехот се обложува со хартија за печење, а потоа внимателно се пренесуваат калцоните на него. Краевите на тестото се притискаат со виљушка за да се залепат. Се премачкуваат со изматено јајце. По желба, се посипува со сусам и со мак.

5. Се печат во загреана рерна на 180°Ц, околу 25 минути, додека заруменат.

Извор: Добра храна

Медитерански деликатес: Крцкави италијански стапчиња што ќе ве остават без зборови
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.