Потресна исповед: „Сестра ми ми кажа дека умира од рак и ме замоли да се грижам за нејзините деца, но јас ја одбив!“

Објава што ја споделила на Интернет

„Го изневеруваше сопругот, доби три деца, не знае кои им се татковците, а сега од мене, на која ѝ се нема јавено десет години, бара да ѝ ги чувам децата“, пишува во објавата на младата Британка

Една анонимна 25-годишна Британка предизвикала лавина од коментари откако на интернет-форум ја споделила својата приказна. Дамата, која во младоста се отселила во Америка, се пожалила поради барањето на нејзината шест години постара сестра.

„Поздрав до сите. Пред неколку месеци ме контактираше сестра ми. Ми кажа дека умира. Ѝ нашле тумор на мозокот и ѝ останало уште малку време. Бараше од мене да се грижам за нејзините деца по смртта, но јас одбив. Еве и зошто…“, вака девојката ја започнала својата објава, а потоа продолжила:

„Ми кажа дека нема кој да се грижи за децата откако таа ќе умре. Имала сопруг, но тој ја оставил бидејќи непрекинато го изневерувала. Добила три вонбрачни деца со различни мажи. Очекувано, нејзиниот поранешен сопруг не сака да се грижи за тие деца, а таа не е сигурна кои воопшто се нивните татковци. Со оглед на тоа што навистина не ја познавам сестра ми и немаме разговарано долги години, ја одбив. Во младоста беше многу злобна и цинична со мене. Во последните седум-осум години ја имам видено само на погребите на нашите родители. Немаме контакт“, продолжила со приказната.

Објаснила дека таа е во среќен брак и дека не сака да го менува својот живот.

„Кога го запознав партнерот, веднаш му кажав дека не сакам да имам деца. Тој го делеше моето мислење. Можете да кажете дека сме себични или не знам што, но тоа е наш живот и наш избор. Сега, кога би донела дома три деца на возраст од шест, три и една година, тоа би ни го уништило животот, а веројатно и бракот. Детето не е обврска само до неговата 18-та година, туку за цел живот. Јас не сакам таква обврска. И покрај тоа што ми плачеше на телефон, ја одбив. Ништо не ѝ должам“, стои на крајот од објавата.

Оваа приказна, очекувано, добила голем број коментари. Половина од нив ѝ честитаат на младата дама за истрајноста, но другата половина ја молат да размислат за сè.

„Иако не сте биле во добри односи, тоа, сепак, е твоја крв. Тоа се твои внучиња. Децата носат радост во нашите животи“, пишува во еден од коментарите.

Што мислите вие за оваа ситуација? Како би постапиле на нејзино место?

„Се будам во 6 наутро и се чувствувам како зомби“: Брутално искрена исповед на жена што го смета мајчинството за грешка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.