Јелена Спенџарска до Ламбе Алабаковски: „Се враќаш од Америка за плата од 18.000 денари?“

Водителката го поткачи пејачот

Популарниот пејач Ламбе Алабаковски долги години не се занимава со музика и го нема на нашата естрада, но сите го паметиме по големите хитови кои своевремено ги отпеа. Ламбе како што е познато живееше во Америка неколку години, и има сопруга Магдалена и два сина.

Минатата година со семејството Ламбе одлучи да се врати дома во Македонија и повторно да почне да се занимава со музика.

Нашата позната водителка и инфлуенсерка Јелена Спенџарска го прокоментира враќањето на Ламбе од Америка во родната Македонија на хумористичен начин, на стори на својот Инстаграм профил.

Таа ја сподели објавата од порталот Црно-бело и насловот дека Ламбе се вратил од Америка и напиша: Што ти прават 18.000 плата, а со тоа се пошегува и за зголемувањето на минималната плата во државава.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.