Чудни комбинации на естрадата: Теа Таировиќ заедно со Амар Гиле? И порача едно: „Големите работи допрва доаѓаат“ (видео)

Кога никој не очекуваше и тоа се случи...

Тие си знаат…

Теа Таировиќ синоќа одржа концерт за паметење во Сараево кој беше распродаден до последното место, а пејачката приреди спектакл од невидени размери за сите љубители на нејзината музика.

За време на повеќечасовната забава, публиката скокаше и ги пееше нејзините најголеми хитови, а вистинското изненадување на вечерта беше кога на сцената и се придружи Амар Гиле Јашарспахиќ.

„За да го испочитува овој концерт, Амар дојде дури од Македонија каде имаше настап“, рече Теа, најавувајќи го својот колега. Со песната „Jorgovani“, која ја пееја во дует, го познаа спектаклот за присутните.

Откако ги сумираше впечатоците, Амар денеска јавно и се обрати на Теа со емотивна порака.

„Чувствувам неизмерна гордост и среќа кон сестра ми која покажа како се работи оваа работа. Допрва следуваат големи работи, чест ми беше да бидам гостин на вашиот концерт во моето Сараево“, напиша Гиле, споделувајќи фотографии и видео од спектаклот.

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.