Брзо се подготвува, а вкусот е фантастичен: На сите омилена Цезар салата во крцкава тортиља

Кој еднаш го пробал ова јадење засекогаш го памети вкусот!

Брзо, а вкусно…

Во брзото и динамично време сите сакаме да јадеме вкусни специјалитети, без притоа да потрошиме многу време за да ги подготвиме.

Еден таков рецепт кој се подготвува за многу кратко време е токму овој, а минутите кои ќе ви требаат за да го изедете ова слатко задоволство се уште пократки.

Состојки:
* 4 големи тортиљи
* зелена салата
* 300 гр пилешко бело месо
* 100 гр шери домати
* 100 гр сланина
* 80 гр пармезан
* масло за јадење

За прелив:
* 5 лажици мајонез
* сок од половина лимон
* 1 лажица сенф
* 1 лажица маслиново масло
* 2 чешниња лук
* 50 мл јогурт
* босилек
* пиперка

Подготовка:
1. Марулата се мие и се сече на поголеми парчиња.

2. Пилешкото бело месо зачинете го по вкус и истолчете го со готварски чук. Пржете го на врело масло од двете страни додека не порумени, па оставете го да се излади и исечете го на ленти.

3. Сланината се сече на ленти и се пржи во маснотијата од пилешкото.

4. Шери домати се сечат на четвртинки, а пармезанот на листови.

5. Одделно подгответе го преливот. Измешајте мајонез, сок од лимон, сенф, маслиново масло, пасиран лук и јогурт. Додадете сечкан босилек и малку бибер по вкус.

6. Во сад се соединуваат зелената салата, пилешкото, доматот, сланината и пармезанот, се прелева со подготвената смеса и се меша полека.

7. Потпечете ги тортиљите кратко од двете страни додека не поруменат.

8. На се уште топлата тортиља намачкајте од преливот и додадете ги состојките, па свиткајте во ролна. На ист начин наполнете ги преостанатите тортиљи.

Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.