Десингерица повторно со патика по глава: Шокантно видео од настап во Хрватска, луѓето се вознемирени! (ВИДЕО)

Хаос човече...

Српскиот рапер Драгомир Деспиќ Десингерица е познат по своето необично однесување на настапите, повторно направи вистински хаос во Хрватска по настапот кој го одржа во еден клуб во Риека овој викенд.

Многумина на социјалните мрежи го изразија своето незадоволство од гостувањето на контроверзниот српски рапер, поради што почна дискусијата за „забрана на турбо-фолкот во Хрватска“.

Како што може да се заклучи од коментарите кои се проширија, на Хрватите најмногу им пречело однесувањето на Деспиќ во клубот, на сцената, за време на настапот.

И покрај тоа што го наполни еден од најголемите клубови во Риека и околината, тој предизвика многу негативни коментари. Десингерица како и секогаш својот настап го изведе со луди движења, па така и овој пат незаменлива беше патиката со која ја „тепа” публиката по глава.

Ваквиот настап ја вознемири јавноста, најмногу постарите кои не биле на настапот, па затоа во една Фејсбук група на Опатија се одвивала политичка дискусија за „забраната на турбо фолкот во Опатија“.

Да потсетиме, во средината на август градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, ги забрани настапите на Десингерица и Пљугица во Бања Лука, поради што Деспиќ влезе во јавна војна со него.

@fiuman.hr

#opatija #desingerica

♬ original sound – Fiuman.hr

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.