Десингерица плукна гума за џвакање во живо во емисија, па ја залепи на каучот на Амиџи (фото / видео)

...била и неговата сопруга!

Пред сите присутни во студиото…

Гости во синоќешната емисија „Амиџи шоу“ беа Десингерица, Мартина Врбос, Венди, Милица Кемез и Бора Сантана.

На каучот во емисијата на познатиот водител, покрај контроверзниот рапер, била и неговата сопруга Невена, а додека Огнен комуницирал со останатите гости, се случила необична ситуација.

Имено, пред сите присутни во студиото, како и пред бројните гледачи преку камерите, Деспиќ ја извадил гумата за џвакање од устата и ја залепил на софата.

Неговата поубава половина шокирано го прашала: „Што правиш?“, на што тој само се насмеал.

Да потсетиме, Невена Бркљач никогаш досега не гостувала во емисија, а синоќа откри каква била нејзината прва средба со Десингерица и како се справува со неговата популарност.

„Да бидам искрена, ми е динамично, но навикната сум на тоа веќе. Заедно сме единаесет години. Возбудливо е, секој ден е различен, морам да признаам“, искрена е Невена.

Таа е во емотивна врска со Драгомир многу време пред тој да влезе во светот на популарноста.

„Немаше заб, имаше скршеница на ногата“, се присети Невена на тој период, а на прашањето што тогаш и се допаѓаше, рече: „Ми се допадна неговата искреност и неговата душа“.

Фото: принтскрин

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.