Музичко цунами на емоции: Еве како помина концертниот спектакл на Јелена Розга!

Вистинско уживање за сите сетила

Концертот на хрватската пејачка се одржа на 10. февруари

Долгоочекуваниот аудиовизуелен концертен спектакл на хрватската поп-пејачка Јелена Розга се одржа на 10. февруари во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Концертот се одржа во рамки на турнејата „Минут срца мог“, во организација на Скајмјузик продукција.

Публиката имаше можност да ја види Розга во сосема поинакво издание, со посебна кореографија за секоја нумера, а секоја песна беше придружена со впечатлива анимација и специјални ефекти, почнувајќи од ласери до пиротехника.

Хрватската пејачка ги отпеа своите најголеми хитови, но ги почести обожавателите и со песните што го обележаа времето кога беше дел од групата „Магазин“.

Овој несекојдневен настан несомнено долго ќе се памети како музичко цунами на емоции и неверојатни аудиовизуелни изненадувања, а погледнете како помина во нашата галерија во продолжение:

ФОТО: ГОРАН ДЕСКОВСКИ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.