Прија доживеа пех на концерт во Осиек: Почна да се спушта во публика, па доживеа вистинска непријатност! (ВИДЕО)

Секоја друга би се засрамила...

Се надмина себе си…

Александра Пријовиќ го одржа првиот од петте закажани концерти во Осиек. Очекувано, публиката пееше заедно со Прија од првата до последната песна и уживаше во секоја минута од концертот. Но, за време на концертот, на Александра и се случи мала непријатност.

Имено, пејачката во еден момент решила да се симне од бината во публиката, а откако се вратила на сцената, тимот ја известил дека и се скинале панталоните.

„Ми рекоа дека ми пукнале панталоните, но што сега, не е важно“, рече Александра.

Александра Пријовиќ на концертот во Осиек носеше „Mugler“, а цената на панталоните беше 350 евра.

Инаку, специјален гостин на концертот беше Бобан Рајовиќ, а двајцата заедно го изведоа неговиот голем хит „Usne boje vina“.

Кон крајот на концертот на сцената излезе синот на Пријовиќ, Александар, кој ги рецитираше зборовите од нејзината песна „Dam, dam, dam“ и ја воодушеви публиката.

По концертот, Александра одржа прес-конференција и се осврна на актуелните информации дека нејзините настапи на некои места во Хрватска, поточно во Задар, се забранети.

Фото и видео: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.