Рада Манојловиќ се повлекува од естрадата? Се враќа на студентските денови, нејзиниот просек ги изненади сите

И дојде умот...

Фото: Инстаграм

За образование никогаш не е доцна…

Рада Манојловиќ е една од најпопуларните поп пејачки на овие простори која се прослави благодарение на музичкиот натпревар Ѕвездите на Гранд на кој учествуваше во 2007 година, кога го освои второто место.

Истата година пејачката го напуштила факултетот, па образованието на Рада Манојловиќ останало на пауза, но сега решила да го заврши започнатото.

Инаку, Рада била студентка на економски науки на државниот универзитет во Крагуевац.

„Тогаш редовно учев, од понеделник до петок, бев трета година, просекот ми беше девет, 8,89. Потоа влегов во Ѕвездите на Гранд, да останев да ја учам, ќе завршев со толку добар просек“, се присети Рада.

Пејачката додаде дека останала во добри односи со деканот и со сите професори.

„Останав во одлични односи и со деканот и со сите други професори, сите ме обожаваат. Не сум бил на факултет многу време, поминаа 16 години. Многу ми значи што останав во контакт со такви луѓе, тоа е сепак друг свет, културен свет од кој можеш многу да научиш. Сите ме ценат и сакаат и ме притискаат да го завршам факултетот“, додаде Рада.

Исто така потенцираше дека не се откажала од високото образование, но поради ангажманите во музиката морала да направи голема пауза.

„Луѓето завршуваат факултет и во подоцнежни години, така што не треба да брзам. Кога ќе си дадам одмор од оваа работа, ќе се фатам за книгите, ќе го загреам столот и ќе го завршам факултетот како што треба“, заклучи пејачката.

Фото: Инстаграм

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.