Најдобрите кифлички без млеко и јајца: Тестото секогаш излегува совршено – сите ќе ви бараат рецепт!

Неодоливо меки и воздушести

Не сте пробале подобри кифлички од овие, а може да бидат и посни и мрсни!

Секој што ги пробал овие кифлички без млеко и јајца, рекол дека се највкусни! Доколку го замените путерот со маргарин, може да бидат и посни. Совршено одат со секое јадење, а им успеваат и на неискусните домаќинки.

Состојки:
  • 1 кг меко брашно тип 400
  • 500 мл вода
  • 1 коцка свеж квасец
  • 3 полни лажици шеќер
  • 1 лажица сол
  • 100 мл масло

За премачкување:

  • мајонез (посен или обичен)
  • сусам за посипување

За преливање:

  • 250 г путер или маргарин
Приготвување:

Во 500 мл топла вода растопете коцка квасец со 1 лажица шеќер. Просеаното брашно сипете го во подлабок сад, додајте 2 лажици шеќер, 1 лажица сол, вода со квасец и 100 мл масло.

Полека месете, може да додавате и малку брашно, за да направите мазно и меко тесто што не се лепи. Не оставајте ги квасецот и тестото да нараснат, сè се приготвува веднаш.

Во зависност од тоа колкави сакате да бидат кифличките, поделете го тестото на поголеми или помали топчиња. Расучете ги со сукало во форма на елипса, нанесете фил по желба (сирење, шунка, џем, мармалад, ореви…) и завиткајте кифлички.

Подмачкајте плех со маргарин и редете ги кифличките така што меѓу нив ќе има растојание од 2 см, бидејќи многу нараснуваат додека се печат. Оставете ги да нараснат околу 2 часа на топло место, па нараснатите кифлички со четкичка премачкајте ги со мајонез и посипете ги со сусам.

Загрејте ја рерната на 220 степени и печете ги за да заруменат убаво. Внимавајте да не се препечат.

Стопете маргарин или путер и загрејте го во тенџере со капак, бидејќи ќе прска, а треба да биде врел. Печените, топли кифлички веднаш прелејте ги со врел маргарин, ставете по една-две лажици на секоја кифличка и оставете ги да се оладат.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.