Предлог за доручек: Пиперки полнети со сирење и сланина!

Вкусно...

Пиперките полнети со сирење и сланина се вкусен и многу брз оброк кој можете да го подготвите секогаш кога сте во брзање.

Дали вака приготвените пиперки се здрав избор?

Во принцип, пиперките се исклучително здрави. Тие се добар извор на витамин Ц, дури и посилен од традиционалните лимони и портокали. Тие се исто така исклучително богати со витамин Б, како и со витамин А. Сирењето е еден од омилените здрави извори на протеини кој содржи и калциум.

Состојки:

  • 6 пиперки
  • 300 гр урда
  • 300 гр крем сирење
  • павлака по потреба
  • 1-2 чешниња лук
  • 2 јајца
  • магдонос
  • 100 грама сланина

Подготовка:

Свежите пиперки измијте ги, исечете ги на половина по должина, извадете ги стеблата и семките.
Изматете ги јајцата, измешајте ги урдата и крем сирењето, додадете сол и бибер во смесата, додадете листови магдонос и ситно сечкан лук. Наполнете ги половините од пиперките со вака приготвениот фил. Завиткајте ја пиперката со парчиња сланина. Наредете ги пиперките на тава обложена со хартија за печење.
Печете 30 минути на 200 степени.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.