Дара Бамамара се врати од Америка со полна торба пари: Пејачката за 10 дена заработила колку за два стана (фото)

Во машко друштво...

Кој за што учел…

Дара Бамамара за десет дена во Америка заработи 150.000 долари! Фолкерката од турнејата се врати со полна торба со пари, иако за време на престојот во оваа земја потроши многу.

Како што изјавил во една прилика еден од нејзините музичари, кој инсистирал да остане анонимен, Дара имала повеќе од успешна американска турнеја, каде што била придружувана од нејзиниот поранешен сопруг Милан Кесиќ и синот Коста.

„Секојдневно имавме настапи, работевме напорно и ја обиколивме Америка и долж и попреку! Дара беше пречекана како светска ѕвезда во најголемата дискотека во Чикаго.Картите беа распродадени неколку месеци претходно“, изјави добро упатен извор.

Како и секогаш така и сега Дара отворено призна дека не ги жали парите.

„Заработив милиони и сето тоа го потрошив! Никогаш не сум зажалела за пари, а најмногу трошам на патувања и облека. Сакам скапи работи, а кога одам во шопинг трошам и до неколку илјади евра“, вели Бубамара.

Фото: Инстаграм

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.