Доста ми е од пеење! Марија Шерифовиќ со детали за одлуката да ѝ стави крај на кариерата

Искрено

„Да не беше болна мајка ми, немаше да се вратам во Србија!“

Марија Шерифовиќ е една од најуспешните пејачки во регионот, но се чини дека нејзината кариера, колку и да е блескава, сепак во дадени моменти ѝ создава главоболки.

Како што изјави Шерифовиќ, пред неколку години била во тешка дилема дали да се врати во Америка, а со тоа да им стави крај на музиката и на јавниот живот.

Едноставно, не ми се пееше повеќе, ништо не ми се допаѓаше. Не можев да ја поднесам ситуацијата во музиката, а сега мислам дека е уште полоша. Во тоа време сакав да се заштитам себеси. Во 2015 година случајно дојдов во Србија, мајка ми имаше некои проблеми со тироидната жлезда, па си реков да ја видам…, раскажа евровизиската победничка, додавајќи:

Неколку дена подоцна, Бане Опачиќ ми ја пушти песната „Паметна и луда“. Јас ја снимив, но не сакав да ја објавам. Планирав и спот и да ги оставам во фиока. Сакав да ја слушам песната кога јас ќе посакам. Но потоа ме сретна Саша Поповиќ и ме праша дали сакам да станам дел од „Ѕвездите на Гранд“. Искрено си помислив дека нема шанси  да се случи тоа, бидејќи бев решена да се вратам во Америка и да им се препуштам на мирот и спокојството. Сепак, работите се сменија, а овие три причини ме задржаа во Србија и така не ја запечатив кариерата, вели Шерифовиќ.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.