Реченици кои никако не смеете да ги кажете на интервју за работа!

Внимавајте...

За жал, брзиот јазик и нервозата често знаат да ги уништат и неколкумесечните подготовки на кандидатите за работно интервју, и да создадат погрешен впечаток кај потенцијалниот работодавач. Денес конкуренцијата на пазарот на трудот е толку голема што вистинско чудо е да ве повикаат на интервју. Па, кога ќе добиете шанса да се истакнете, не треба да си дозволите да ја фрлите во вода. Ако сте во потрага по нова работа, еве кои нешта не треба да ги премолчите на првото интервју:

„Извинете што доцнам, но…“

Доцнењето доаѓа во предвид само ако сакате да го започнете интервјуто за работа на лош начин. Се разбира, тоа не е вашата цел. Точноста е од клучно значење – таа зборува за вашата мотивираност и вашата дисциплина. Изговорите од типот „Ми избега автобусот“, „Ми се расипа колата“, „Не сум јас виновна. Сообраќајниот метеж е ужасен“ нема да го променат фактот дека доцните. Доцнењето ќе биде сфатено како ваша негативна страна, а испраќа сигнал дека сте неорганизирана личност која не го почитува туѓото време.

„Не знам.“
Златно правило на интервју за работа: Никогаш не кажувајте дека не знаете нешто. Наместо тоа, кажете дека во моментот не можете да се сетите или дека ќе направите истражување и ќе дознаете. Всушност, секој одговор би бил подобар од „Не знам“.

„Морам да се јавам, многу е важно.“

Ако телефонскиот повик е поважен од вашето вработување, повелете, прифатете го. Ваквото однесување е лошо, незрело и остава впечаток на некултурна личност. Исто така и пишувањето SMS не е опција која треба да ја разгледувате. Најдобриот начин за да ја избегнете оваа грешка е да го исклучите телефонот пред да влезете на интервју.

„Немам слаби страни.“

Никој не е совршен. Сите имаме слаби страни, па изговарањето на оваа реченица нема да ве направи подобри од другите. Пред да одите на интервју за работа размислете кои се вашите слаби страни. Но, не ги наведувајте доколку тие се клучни за работното место. На пример, ако работата за која кандидирате е поврзана со рокови, не кажувајте дека лошо работите кога сте под притисок. Наместо тоа кажете друга ваша слаба страна што не е пресудна во работата за која аплицирате. Не заборавајте да споменете и дека работите на нејзино подобрување.

„Мојот претходен шеф беше ужасен, а колегите…“

Независно колку го мразите вашиот поранешен шеф, независно колку ве нервирале колегите и ве исполнувале со негативна енергија, лошите коментари за нив се непрофесионални. Наместо да озборувате и критикувате веднаш штом ќе ви биде поставено прашањето „Зошто ја напуштивте последната работа?“, објаснете дека вашите ставови не се совпаѓале со ставовите на претходниот работодавач, дека сте имале различни идеи и цели итн. Можете да речете „Бев подготвена за нови предизвици“ или „На претходното работно место немав доволно простор за напредок“.

„А, со што се занимава вашата компанија?“

Од кандидатите се очекува да отидат на интервју со претходно направено истражување за компанијата и за работното место, па поставувањето на ова прашање е апсолутно недозволено. Неинформираноста може само да сигнализира дека сте мрзлива, немотивирана и незаинтересирана личност – карактеристики кои сигурно нема да ви ја дадат работата која ја посакувате.

„Бев отпуштена.“

Макар и тоа да е причината поради која сте невработени, на интервјуто прескокнете ги изјавите „Бев отпуштена“ и „Ми дадоа отказ“ бидејќи оставаат лош впечаток. Иако можеби вашите способности не биле причина за добиениот отказ, вашиот потенцијален работодавач може да се посомнева дали сте доволно квалификувани за слободното работно место за кое кандидирате. Наместо „Бев отпуштена“, речете нешто како „Со мојот шеф имавме различни визии за иднината и за насоката во којашто ќе се развива фирмата“. Но, не лажете дека не сте биле отпуштени ако тоа навистина било така, бидејќи лесно може да се провери веродостојноста на вашата изјава.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More