Ги мразите понеделниците? Еве што треба да правите за да ги засакате и бидете продуктивни!

Ах денес е понеделник…

За жал, понеделникот секогаш доаѓа, не можете да избегате од него. Но, можете да ги промените своите чувства кон овој „омразен“ ден. Еве неколку предлози како да го засакате почетокот на работната седмица:

Користете ги викендите максимално

Мала е веројатноста дека ќе имате одличен понеделник ако сте имале мизерен викенд. Колку и да сте амбициозни и посветени на кариерата, мора викендите да ги користите за максимално да уживате и да се релаксирате. Посетувајте нови и нови туристички места, испробувајте нови специјалитети, организирајте семејни и друштвени прослави без повод. Кога имате убави спомени во главата од викендот, ќе се чувствувате позадоволни од животот и ќе ги потиснете на дното негативните емоции кои се раѓаат од помислата на омразениот понеделник.

Понеделнички наместете го алармот половина час порано

Колку и да ве мрзи да станете од креветот, вложете напори во понеделник да станете порано. Ако не брзате при подготовките и пристигнете на работа некоја минута порано, ќе бидете порелаксирани во текот на целиот ден.

Одете на фризер или на маникир токму во понеделник

Кога знаете дека на крајот на работниот ден ве очекува третман за разубавување, со поголема леснотија ќе минувате низ обврските. Друга позитивна страна на понеделничкото разубавување е што нема толку многу раздвиженост низ салоните за убавина, па ќе ви посветат повеќе време вам.

Сокријте си мало слатко изненадување

Секој петок оставајте си во фиоката од бирото по едно мало чоколадо или од омилените бонбони. Секој понеделник ќе ви се појавува насмевка на лицето кога ќе го здогледате малото изненадување.

Правете го понеделничкиот распоред во петок, но не вметнувајте премногу обврски

Наместо да оставате дел од незавршените обврски за понеделник, завршете колку што е можно повеќе од нив во петок, а потоа испланирајте што мора да биде на дневен ред во понеделник.

Усреќете некој друг

Ветете си дека секој понеделник ќе правите барем по едно добро дело. Телефонски направете донација, почестете бездомник, купете му кафе на ваш драг колега, однесете колачи за колегите или опсипете ги со комплименти, пратете му многу мила порака на саканиот… Среќата се враќа, понекогаш двојно, понекогаш тројно.

Гледајте на понеделникот како на шанса за нов почеток

Понеделниците се одлични за сонување и постигнување. Имате нова идеја или план како да подобрите нешто во својата работа? Сакате да започнете нова диета, затоа што бевте неуспешни во старата? Понеделниците ви нудат можност да започнете од почеток, да свртите нова страница од животот и да направите нешто кое одамна го посакувате. Можете да напишете едно цело ново поглавје од вашиот живот, започнувајќи во понеделник.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе