„Се будам во 6 наутро и се чувствувам како зомби“: Брутално искрена исповед на жена што го смета мајчинството за грешка!
Не сте прочитале нешто поискрено
Оваа жена признала голема работа: се кае што станала мајка
Мајчинството не е воопшто лесно, а приспособувањето на големата животна промена може да им падне многу тешко на некои мајки.
И додека многу мајки имаат добри и лоши денови, една отворено ја раскажала својата исповед и признала дека се кае што воопшто родила дете.
Во оваа исповед мајката рекла дека „мајчинството е најголемата грешка во нејзиниот живот“.
Сакала да добие поддршка од други родители со надеж дека не е единствената што зажалила што станала мајка.
„Се будам во шест. Одам на работа. Завршувам со работа. Го земам бебето од јасли. Се обидувам да ја забавува два часа. Ја бањам. Ја заспивам, по шутирање и корнење коси“, ја раскажала таа својата дневна рутина.
Додала дека има само 45 минути за себе во тој еден ден, а пола од тоа време го користи за да ги заврши домашните обврски, пред бебето да се разбуди.
„Два часа сон. Бебето се буди. Поминувам два и пол до три часа за повторно да ја успијам. Четири часа сон. Бебето се буди. Се обидувам да го успијам бебето. Се будам во шест наутро. Се чувствувам како зомби. И пак сè од почеток“, раскажала.
Многу мајки ја поддржале во коментарите и рекле дека тоа навистина е тешко.
„Нема секогаш да биде така. Бебињата растат и се менуваат. Нема животот да ти биде засекогаш таков“, ја охрабриле.