Магична супа за слабеење од само 2 состојки: Диетално чудо што лесно се приготвува!
За вита линија
Важно е оваа супа за слабеење да ја консумирате во текот на викендот, кога сигурно ќе бидете дома
Оваа супа, која е вистинско диетално чудо, се прави брзо и лесно. Ви требаат само праз и вода. Како и детокс-чаевите, треба да ја пиете за викенд кога сте дома, бидејќи празот, освен што е преполн со хранливи материи, има и благо диуретско дејство. Не само што се приготвува брзо и лесно туку и ќе ви требаат само две состојки за неа.
Состојки:
- 1 кг праз
- вода
Приготвување:
- Добро исчистете го празот.
- Исечете ги зелените краеви – за супата се користи само белиот дел од празот, а преостанатите зелени делови може да се користат за други намени.
- Крупно исечкајте го празот, ставете го во поголем лонец и прелејте го со вода.
- Почекајте да зоврие, па извадете го капакот и варете го половина час.
- Префрлете ја супата во шише.
- Во зависност од вкусот, можете да ја пиете разладена или на собна температура.
- Консумирајте по една шолја на секои два часа.
- Варениот праз може да биде и идеален детокс-оброк: зачинете го со малку маслиново масло, сок од лимон, сол, бибер и малку магдонос.