Вежби кои ќе ви помогнат да бидете подобри во кревет! (ВИДЕО)

Лесни а ефективни вежби...

Верувале или не, постојат едноставни вежби кои не само што ќе ве претворат во секс божица, туку и ќе ви го подобрат здравјето. Дали сте подготвени за вежби кои гарантираат подобар секс?

Тонот, силата и целокупното здравје на мускулите на дното на карлицата се од витално значење за сексуалната функција бидејќи тие играат клучна улога во возбудувањето, задоволството и одговорот на оргазмот. Кога мускулите се силни, жената доживува поинтензивен оргазам, а и мажот ги чувствува придобивките – посилните мускули на карлицата му даваат поголемо задоволство. Па, како да се постигне ова? Кегелови вежби.

Кои се вежбите кои гарантираат подобар секс?

Кегел е вежба за мускулите на карлицата која има важни здравствени придобивки: може да помогне во контролата на дебелото црево и гасната инконтиненција. Лекарите веруваат дека овие вежби можат да го направат сексот попријатен.

Кегеловите вежби ја подобруваат циркулацијата на крвта во вагината, што секогаш ја зголемува возбудата кај жените. Многу жени по породувањето чувствуваат дека вагината не им е затегната како порано и сакаат да направат операција за ова. Но, зајакнувањето на карличните мускули со Кегелови вежби може да го реши проблемот.

Освен тоа, изведувањето на Кегеловите вежби за време на сексуалниот однос може значително да ја зголеми возбудата кај двајцата партнери.

Како се изведуваат Кегеловите вежби?

Основни вежби:

Легнете на грб. Земете здив и опуштете се. Издишете, стиснете го карличниот дел и задржете ја контракцијата 5 секунди, а потоа опуштете се 5 секунди. Повторете 10 пати. Направете го ова 4 пати на ден. Постепено зголемувајте го времето на контракција од 5 секунди на 10 секунди.

Мост:

Легнете на грб со свиткани колена и стапала на ширина на колковите. Вдишете низ носот. Издишете преку уста и подигнете ги колковите од подот и држете ги додека трае контракцијата. Спуштете ги колковите. Вдишете и опуштете ги мускулите, а потоа издишете и повторете. Повторете 10 пати. Правете го ова 3-5 пати неделно.

Ако не сте сигурни дали правилно ги правите Кегеловите вежби, погледнете го ова видео:

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.