Сонувате за совршено рамен стомак? Оваа кинеска вежба ќе направи да изгледате фит пред почеток на летото! (ВИДЕО)

Секој сака за топлите денови да изгледа топ, нели?

Летото се ближи, па како и секоја година се подготвуваме со цел да изгледаме фит. Кинеските жени знаат многу за трендовите – неодамна на интернет се појави уште еден видео „лајф хак“, благодарение на кој можете брзо да се ослободите од вишокот килограми и да ја затегнете половината за неколку недели.

Кинеска вежба за рамен стомак за која не е потребно да одите во теретана

На оригиналниот јазик, оваа стомачна вежба е позната како Киат Јуд Даи. Тајната на огромната популарност на оваа техника е во тоа што не треба да вежбате во теретана или да имате при рака фитнес опрема за да ја изведувате. Се што ви треба е вашата омилена ритмичка музика и расположени сте за танцување.

Друг плус во оваа вежба е тоа што не одзема многу време. Минималниот сет трае 3 минути, при што, како што уверуваат кинеските тренери, можете да согорите околу 30 калории. За неколку недели и вие можете да имате рамен стомак.

Како да се направи вежбата Киат Јуд Даи?

Вежбата Киат Јуд Даи можете да ја правите дома или во теретана. Облечете удобни хеланки, вклучете ја вашата омилена музика, поставете го тајмерот на три минути и започнете.

  • Ставете ги стапалата малку пошироки од рамената и малку свиткајте ги колената.
  • Подигнете ги рацете нагоре.
  • Затегнете ги стомачните мускули – и направете силно движење на колковите напред.
  • Опуштете ги мускулите и вратете се на почетната позиција.
  • Повторете ги овие чекори енергично три минути, а потоа направете кратка пауза.
  • Направете пет серии со пауза од околу една минута. Ако ви здосади ова конкретно движење, можете да ја менувате положбата на рацете во секоја нова сесија „три минути“, најважно е да го одржите ритамот на танцот. Како резултат на тоа, вашиот тренинг ќе трае околу половина час или помалку, а ќе согорите повеќе од 200 калории.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.