Имате „страшни“ темни кругови под очите? Фантастичен трик за шминкање благодарение на кој темните кругови исчезнуваат за миг!

Со само неколку мејкап трикови можете да ја ублажите појавата на подуени очи и темни кругови!

Како естетски проблем, темните кругови се многу чести и најмногу придонесуваат за лош изглед на лицето. Додека темните кругови понекогаш лесно може да се прекријат со добар коректор, подуените очи кои се резултат на губење на волуменот на кожата, бараат покомплексен пристап.

Доколку сте подготвени да вложите малку труд и време, со неколку мејкап трикови можете да ја ублажите појавата на подуени очи и темни кругови.

Комбинација од два коректори

Најдобар ефект за прикривање на темните кругови под очите се постигнува со индивидуално избрана комбинација на коректори за под очите, коректори на боја или коректори во различни бои.

Многу брендови нудат коректор за под очите во тонови праска, корали или диња (во зависност од тонот на вашата кожа) и се одличен избор доколку имате темни кругови под очите бидејќи овие нијанси ги неутрализираат виолетово-сините и црвеникаво-кафеавите кругови под очите без сивкавиот ефект.

Како да нанесете коректор

Прво нанесете крема за очи на исчистената кожа и почекајте да се впие. Потоа нанесете го коректорот за боја, но само на најтемните места и тапкајте го со врвовите на прстите за да се соедини.

Конечно, додадете коректор за под очите (кој може да биде малку потемен од тонот на вашата кожа) одозгора, измешајќи го по рабовите на претходно нанесениот производ.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.