Сончогледот е мудрост, кала – пријателство! Откријте ја симболиката на цвеќињата, а ќе бидете изненадени од третиот вид (ФОТО/ВИДЕО)

Не е само до видот туку и бојата!

Кога некому подарувате цвеќе, добро би било прво да знаете каква е неговата симболика…

Доколку сакате да им подарувате цвеќе на вашите најблиски, прво дознајте каква симболика носат, а потоа донесете конечна одлука со цел да не испратите погрешна порака.

Сончоглед
Како што сугерира неговото име, сончогледот првенствено го симболизира сонцето. Претставува живот, надеж, радост и мудрост, па затоа е идеален подарок за пријатели.

Орхидеја
Различни верувања се поврзауваат со орхидејата. Според едни потекнува од античка Кина, каде што се верувало дека позитивно влијае на плодноста, односно помага при зачнувањето. Од друга страна во античка Грција, орхидејата била поврзана со женската популација, па еден од нејзините растителни видови (paphiopedilum) го добил името по храмот на божицата на љубовта, Афродита. Денес орхидејата симболизира љубов, романтика и еротика, па кога ќе го добиете овој цвет од партнерот, бидете сигурни дека тој многу ве сака.

Лале
Лалињата претставуваат будење и повторно раѓање, па затоа често им се даваат на оние кои минуваат низ некои животни пресвртници, како што е промената на работните места.

Секоја боја има свое значење: виолетова – наклонетост, црвена – љубов, бела – чест, жолта – надеж.

Роза
Различни рози имаат различна симболика, од страст (црвена) и љубомора (жолта), до чистота (бела) и нежност (виолетова).

Кала
Омилените цвеќиња на многу луѓе, кала лилјаните, всушност симболизираат длабока почит и пријателство, како и префинетост, но и благородништво.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.