Правете ги овие 5 работи секој ден и ќе забележите неверојатна промена: Моќни совети за посреќен живот

Сè е во ваши раце

Дипак Чопра има дадено 5 совети за посреќен живот што секој треба да ги има на ум

Дипак Чопра е пионер на интегративната медицина, автор на повеќе од 90 книги, духовен лидер и човек што магазинот „Тајм“ го нарекува херој и икона на векот.

Тој ги мотивира луѓето, а неговите совети им помогнале на многумина да се освестат и да почнат да живеат посреќно. Некои животни правила навистина можат да влијаат врз квалитетот на нашиот живот и да нè направат попродуктивни, а токму овие ги практикува и познатиот мотивациски говорник Дипак Чопра.

Тајната е во следните 5 навики што ги негува:

  • цврст и мирен сон секоја вечер
  • неколку молитви секој ден
  • здрави емоции, како љубов, емпатија, радост и мир
  • најмалку 10.000 чекори дневно
  • добра храна

Дипак Чопра секое утро се буди во 5 наутро, а претпочита исклучиво ајувердски начин на исхрана. Иако порано често јадел месо, сега е заговорник за вегетаријанска исхрана, со додаток на морски плодови.

Тој истакнува дека секој човек треба да јаде храна што успешно се бори против воспаленија, како што се зрнесто овошје, домати, ѓумбир и куркума.

15 правила на руски психолог за подобар и посреќен живот: „Желбата да им угодите на сите е сигурен пат кон пропаст“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.