Две титули за Македонија: ТВ водителката Ева Јовановска и манекенката Каролина Јанчовска на Мис на Европа освоија круни!

Браво девојки!

Во Бејрут, Либан се одржа изборот за Мис на Европа 2024 на кој нашата држава имаше две претставнички, 20 годишната Ева Јовановска од Тетово, актуелната тв водителка, и Каролина Јанчовска, 21г од Скопје.

Двете од Либан се враќаат со титули : Ева ја освои титулата 4та придружничка, а Каролина титулата Miss Elegance.

Победничка, односно новата Мис на Европа е претставничката на Русија, Прва придружничка е Белорусија, а титулата Втора придружничка ја освои Украинката.

Двете наши убавици се дел од Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за овој избор за убавина кој традиционално векје со години се одржува во Бејрут, Либан во организација на Style Events Organization.

Нашите девојки на финалето се претставија во модели на Елена Лука, специјално изработени за оваа прилика.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.