Рецепти за хранлива пролетна супа која ќе го зајакни вашиот имунитет!
Вкусно и здраво...
Кремастата комбинација на блитва и грав не само што ќе го зајакнат вашето тело, туку и ќе ги задоволи вашите сетила за вкус. Оваа супа се подготвува лесно и брзо, а навистина не ви требаат многу намирници, сигурни сме дека дел од нив веќе ги имате дома.
Состојки:
- 1 китка блитва сечкана
- 1 кромид, ситно сецкан
- 2 чешниња лук, ситно сецкани
- 1 конзерва црвен грав, исцедена и исплакната
- 4 чаши супа од зеленчук
- Сок од 1 лимон
- Маслиново масло
- Сол, бибер
Подготовка:
На маслиново масло пропржете ги кромидот и лукот додека не омекнат. Додадете сечкана блитва. Додадете го исцедениот грав и супата од зеленчук и варете ја супата околу 15-20 минути. Додадете сок од лимон и зачинете со сол и бибер по вкус.
Коментарите се заклучени.