Во ова племе жените се убави како божици: Не се бањаат, а кожата им е миризлива и нежна како свила

Најубавите луѓе на светот

Племето во кое живеат најубавите луѓе на светот имаат уникатни обичаи и ритуали што ги прават посебни

Древното племе на полуномадски сточари, познато како Химба, со години ги привлекувало фотографите на неплодниот северозапад на Намибија. Како резултат на тоа, впечатливите Химба станале познати подалеку од заборавениот и немилосрден регион Кунене каде што живеат и ја чуваат стоката.

Причината за нивната популарност е „отјизе“ – паста од путер, маст и црвен окер, понекогаш намирисана со ароматична смола – која Химба жените ја нанесуваат секое утро на кожата и косата, благодарение на што ја добиваат препознатливата црвена нијанса.

Има многу шпекулации за потеклото на оваа пракса, а некои тврдат дека така ја штитат нивната кожа од сонце и од инсекти. Но народот Химба вели дека причината е естетска, дека тоа е еден вид традиционална шминка што ја нанесуваат секое утро кога ќе се разбудат. Мажите не применуваат отјизе.

Имено, овој народ важи за најубавото африканско племе. Традиционално, и мажите и жените одат топлес, носат здолништа изработени од животинска кожа во разни бои, а возрасните жени носат едноставни кожени наметки и кожени чорапи за да ги заштитат нозете од отровни животински загризи.

Иако нивниот опстанок постојано е загрозен, многу членови на Химба водат традиционален начин живот, кој останал непроменет со генерации, преживувајќи војни и суши.

Традициите на народот Химба

Овие обичаи денес може да се видат во селото Омарумба, каде што живеат 20 луѓе под водство на поглаварот Хикуминуе Капика. Химба се отворени за посетителите што доаѓаат да го видат нивниот начин на живот, но за возврат бараат придонес – во овој случај бараат пченка, кафе, чај, масло за готвење и донација од 25 долари.

Како сточари, стоката е клучна во животот на народот Химба. Во центарот на селото има штала во која чуваат млади говеда, овци и кози, додека позрелите животни ги оставаат да талкаат низ периферијата. Секое утро, откако жените ќе нанесат отјизе, ја молзат стоката, пред младичите од селото да ја изнесат на пасење. Ако немаат каде да пасат, селото се сели или младичите основаат привремено село со стоката.

Домовите на Химба, кои ги има помеѓу 30.000 и 50.000, имаат тркалезна структура изградена од столбови кои се поврзани заедно формирајќи овален покрив, кој е малтерисан со кал и измет од стока.

Најважниот дел од селото Химба е „окуруво“ или светиот оган. Светиот оган кој непрекинато гори ги претставува предците на селаните, кои важат за посредници на богот на Химба, Мукуруа.

Куќата на поглаварот е единствената куќа чиј влез е свртен кон огнот – сите други се свртени на страна и важно е странците да не се движат во светиот простор помеѓу неговата куќа и огнот.

Навечер, жарта од огнот се внесува во колибата на поглаварот, а потоа утредента повторно се распламтува.

Жени со чинии во усните: Зошто овие убавици решаваат да се унаказат вака?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.