Ја натерал жена му да оди по него гола, додека тој се шета бос и валкан: „Ова е нехигиенски, не се бањаат со денови“

Бизарно однесување

За Италијанците, Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Цензори се вистинска атракција – тој валкан, облечен во џемпер и бос, а таа буквално гола во проѕирно трико – веќе 5 дена „лумпуваат“ низ Италија

Канје Вест има сериозни здравствени проблеми што му се припишуваат на неговото биполарно нарушување. Овој богат музичар и дизајнер долго беше популарен и поради бракот со Ким Кардашијан, која го оставила бидејќи не сакал да зема лекови, па неговите испади биле сè почести.

Изгледа дека на неговата нова сопруга не ѝ пречи што нејзиниот сопруг сака да ја облекува во трико под кое не носи ни долна облека, додека тој се шета бос по улица.

Под изговорот дека тој секогаш е „чекор пред своето време“, Канје пристигнал во Италија во чорапи и завиткан во црн шал од глава до пети, но пред некој ден ги слекол и чорапите и одел бос по улици. Така бос и валкан влегувал и во ресторани.

Малку е да се каже дека луѓето биле шокирани кога го виделе славниот рапер и богаташ така запустен.

„Освен што е непристоен, ова негово издание е и нехигиенско!“

„Одвратно! Боси стапала во ресторан, а да не го ни споменуваме голиот задник на жена му!“

Докторите изјавиле за странските медиуми дека тешко е да се одржи хигиената на ниво ако секој ден шеташ наоколу бос. Не му биле наклонети ни на изгледот на Бјанка, бидејќи жената со недели го носи истото трико под кое не носи долна облека.

Сепак, партнерката на Канје Вест не отстапува од овој стајлинг, иако се претпоставува дека во Италија следува казна за шетање во вакво издание во висина од 10.000 евра.

„Лумпува“ исцрпена на улица со разголено деколте: Шокантно однесување на сопругата на Канје Вест
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.