„Лумпува“ исцрпена на улица со разголено деколте: Шокантно однесување на сопругата на Канје Вест

Што се случува со неа?

Канје Вест ужива во прекрасната Тоскана со сопругата, која не престанува да ја шокира јавноста

Канје Вест, откако се разведе од Ким Кардашијан, најголемо внимание привлекува со ексцентричното однесување, а во тоа многу му помага и сопругата Бјанка Ценсори. Во само неколку дена се појавила во стајлинзи што сите ги оставиле без текст, па шокираната јавност се прашува што се случило со поубавата половина на раперот.

 

Овој пат, Бјанка излегла на италијанските улици во смел проѕирен комбинезон, под кој не носела градник, а градите потполно ѝ се гледале! Освен тоа, веќе не е русокоса, туку својата кратка коса ја бојосала црна.

А пред само неколку дена во Фиренца, ги шокирала минувачите со својот изглед кога тргнала да му се придружи на раперот. Изгледала многу исцрпено, како штотуку да станала од кревет и заборавила да се обуе. Да, добро прочитавте, бидејќи „лумпувала“ наоколу боса.

На себе имала минијатурен горен дел од бикини во црна боја, кој секој миг се заканувал дека ќе открие повеќе одошто треба. Тоа го искомбинирала со црни хеланки и сив шал.

Канје и Ким официјално се развеле во ноември 2022. Ким поднела барање за развод во февруари 2021 по речиси седум години брак и 3 години врска. Поранешната двојка има четири деца: Норт, Сент, Чикаго и Псалм.

Беа потребни повеќе од една година и безброј испади на Канје на Инстаграм за да се реализира разводот. А потоа, само два месеца од официјалната разделба од најпознатата старлета на светот, тој се оженил со дизајнерката на неговиот бренд Yeezi, Бјанка Ценсори и двајцата привлекуваат огромно внимание каде и да се појават.

Канје Вест „фатен“ со новата сопруга: И тој и таа облечени во тесни хеланки! (ФОТО)
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе