Секој што би се нашол на нивниот остров, би завршил во „машина“ за мелење: Дури и денес никој не смее да им се приближи!

Како живее племето Јали?

Племето Јали денес живее малку подобро од порано, но и покрај тоа, и сега никој не смее да им се приближи

Племето Јали било откриено дури во 1961 година. Причината за тоа најверојатно лежи во фактот што живеат на тешко достапни места во копнениот дел на Папуа Нова Гвинеја – на надморски височини од 2.000 до 2.500 метри.

Со текот на времето се прочуло за нив и нивните обичаи, а приказните за страшните пигмејски канибали од рамнината Балим го привлекле вниманието на јавноста. Најмногу поради тоа што племето Јали не само што ги убивале и јаделе своите непријатели како дел од ритуал, туку и ги мелеле нивните коски во прав, за да им оневозможат на жртвите повторно да се вратат и да им се одмаздат.

Според некои податоци, оваа пракса била дел од нивните ритуали сè до 1970-тите години, кога ги посетиле христијанските мисионери. Набрзо потоа, тие ги отфрлиле воените ритуали и култот кон предците, но освен тоа, ништо друго не се сменило во нивниот начин на живот.

Како живеат денес поранешните канибали?

Дури и денес, и покрај фактот што висината на возрасните мажи во племето не изнесува повеќе од 150 см, многумина ги почитуваат поради приказните за канибализмот што го практикувале на нивните непријатели. Всушност, стравот од нив достигнал толкави размери што сите околни племиња со децении одбегнувале да ги посетат. Резултат на тоа е јазикот Јали, кој се разликува од оној што го говорат нивните најблиски соседи.

Припадниците на ова племе живеат во колиби со кружни основи, поставени на столбови и изградени од локални материјали. Заедницата се карактеризира со тоа што жените и мажите живеат раздвоено. Нивната облека е едноставна и повеќе открива одошто покрива, па не е ни чудно што мажите само во посебни пригоди носат традиционални долги здолништа од ратан, чија должина е до колена.

Од друга страна, како и кај другите папуански племиња, градите на жените се целосно откриени, додека своите гениталии ги покриваат со кратки здолништа од трева, а задникот и грбот со торби направени од влакна од орхидеја. Интересен податок е што здолништето се состои од четири слоја, од кои првите ги добиваат кога ќе наполнат четири години. Нови слоеви добиваат кога ќе наполнат 16 години, кога според верувањето на старешината, девојката е зрела за мажачка.

Поради изолираноста и недостапноста на местата каде што живеат, и денес малку се знае за ова племе. Истражувачите веруваат дека нивниот секојдневен живот не се разликува многу од оној на другите локални папуански племиња, како што е Даниј.

Последниве децении, владата на оваа држава работи на тоа да воспостави контакт со примитивните заедници и да им го олесни животот. Одредени племиња, по направениот напор на владата, почнале самостојно да одгледуваат некои домашни животни, па не мораат да зависат само од тоа што ќе го најдат или уловат во природата.

Племето со најубавите мажи на светот живее неверојатно: Се шминкаат со часови и имаат интимни односи со тинејџерки
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.