Се самоубил после обвинувањата за нелегална употреба на дрога: Познатиот актер од „Паразит“ пронајден мртов!

Нека почива во мир...

Мегапопуларниот корејски актер Ли Сун-кјун, глобално познат по улогата во филмот награден со Оскар „Паразит“, е пронајден мртов во автомобил во Сеул.

Актерот бил пронајден во несвест, а до него имало брикети од јаглен. Како што известуваат блиските извори, познатиот актер се самоубил, а полиција повикала неговата сопруга откако пронашла проштална порака.

Полицијата ги истражуваше обвинувањата на засега непознати лица, дека актерот користел марихуана и кетамин, поради што Ли неколку пати бил испрашуван во полиција.

Ли три пати бил испрашуван во октомври, потоа на 4 ноември и на 23 декември, кога во 10 часот пристигнал во полициската станица каде што бил испрашуван 19 часа. Тој тврдел дека во ниту еден момент свесно не користел дрога и дека ги поминал токсиколошките тестови.

Актерот по првото полициско интервју и се извинил на јавноста за вмешаноста во ваква нечесна афера, дури во еден момент рекол дека водителката го измамила да се дрогира, а потоа се обидела да го уценува. Ли поднел тужба против жената, тврдејќи дека таа го уценувала и изнудила од него околу 270.000 долари.

Јужна Кореја, како и многу азиски земји, има исклучително строги закони против употребата на дрога. Оние кои продаваат или купуваат марихуана се соочуваат со најмалку една година затвор, а може да бидат казнети до пет години затвор или парична казна до 37.600 долари.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.