Ракот на дебело црево ги испраќа овие 7 сигнали: 90% од луѓето не обрнуваат внимание на овие знаци!

Овие сигнали можат да ви го спасат животот

Слушајте ги знаците што ви ги испраќа телото, редовно одете на преглед, за да можете навреме да интервенирате

Ракот на дебело црево е еден од најчестите типови канцер, но обично се открива во подоцна фаза, бидејќи раните симптоми што ги покажува оваа болест, честопати ги мешаме со нешто друго или комплетно ги игнорираме, што никако не би смееле да го правиме.

Ова се седумте најрани знаци на рак на дебело црево…

1. Упорни промени во цревата

Тие може да случат поради исхраната или начинот на живот, но ако, на пример, дијарејата или констипацијата траат подолго од една недела, можно е да постојат полипи во дебелото црево, кои можат да се развијат во канцер.

2. Грчеви, гасови или болка во стомакот

Можно е да ги почувствувате овие проблеми ако сте изеле нешто што не му годи на вашето тело, но доколку болката е јака и упорна, можно е телото да ве предупредува на нешто сериозно. Многу пациенти со рак на дебело црево страдале од подуеност и чувство на непријатност во стомакот.

3. Ректално крвавење или светла крв во столицата

Ако забележите крв во столицата, тоа може да биде јасен знак на рак на дебело црево. Ако го забележите овој симптом, задолжително одете на лекар.

4. Чувство дека цревата не се празнат целосно

Ова е уште од знаците на рак на дебело црево – одите во тоалет, но имате чувство дека цревата не ви се испразниле.

5. Слабост или умор

Полипите можат да предизвикаат внатрешно крвавење во дебелото црево, што веднаш доведува до умор и чувство на слабост. Обично се случува сосема ненадејно и без напорни активности или недостиг од сон.

6. Необјасниво губење на тежината

Ненадејното слабеење може да биде симптом на неколку типови рак, но кај ракот на дебело црево ова се случува, бидејќи полипите во цревата влијаат врз начинот на којшто телото ја метаболизира храната.

7. Промени во бојата или формата на столицата

Потемната боја на столицата и формата на молив се лош знак. Ако столицата има црна боја, тоа најчесто е резултат на продирањето на крвта во дигестивниот тракт.

Ако имате еден или повеќе од овие симптоми, задолжително одете на лекар што побрзо!

Најдобра превенција против рак на дебело црево: Сѐ што треба да направите е ова!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.