„Еве што направив кога син ми ја изневери сопругата со колешка“: Снаата секогаш ќе ги памети нејзините зборови!

Исповед на свекрва чиј син ја изневерил сопругата

Оваа исповед воодушевила многумина, а снаата се расплакала поради зборовите на свекрвата

Откако овој маж ја изневерил сопругата со колешка, неговата мајка решила да го научи на памет и да направи нешто што ќе го здоболи. Оваа приказна е доказ дека односите меѓу снаата и свекрвата не мора да бидат лоши.

„Го сакам син ми со целото мое срце, но навистина ја направи најголемата глупост што постои. Се венча на 20 години, а неговата поранешна жена веќе имаше тригодишна ќерка која ја сакав како сопствена внука. Имаат и едно заедничко дете, мојот втор внук, кој има две години. Тие беа совршено семејство, но тој го уништи тоа со аферата што ја имаше со колешка од работа. Поранешната сопруга го избрка од дома и тој одлучи да се врати кај мене“, напишала свекрвата во објава на Редит.

Меѓутоа, за да ѝ се одмазди на сопругата, тој со себе го зел кучето што децата го обожавале. И покрај тоа што кучето ги имало сите можни услови за нормален живот, тој одлучил да го однесе кај мајка му, која живеела во стан во центарот на градот, без услови да чува толку големо куче.

Мајката решила да ги презеде работите во свои раце, па додека тој бил на деловно патување, го одвела кучето бордер коли во куќата на неговата поранешна жена и децата.

Покрај тоа, нејзиниот син комплетно го занемарил кучето и го чувал само за да ѝ наштети на поранешната сопруга поради тоа што го избркала од дома.

„Додека тој работеше во странство, ѝ се јавив на поранешната сопруга и ја прашав дали го сака кучето назад. Само што не се расплака од среќа и јас веднаш спакував сè што му припаѓаше на кучето и го однесов таму. Внуците беа пресреќни. Но кога син ми се врати дома, почна да ме навредува со погрдни имиња поради тоа што го дадов неговото куче, на што јас му одговорив дека нема да биде добредојден во мојот дом ако се обиде да отиде по кучето и повторно да го земе“, раскажала таа.

А еве какви коментари добила од корисниците на Редит:

„Тој само мисли на себе. Не му е грижа ниту за кучето, ниту за вас, ниту за децата, а ниту за жената. Убаво е тоа што и покрај сè, му дозволувате да остане кај вас.“

„Вообичаено не го поддржувам тоа да се одземе нечиј миленик без знаење на сопственикот, но во овој случај тоа дефинитивно е оправдано.“

„Секоја чест за ова и за тоа што и понатаму сте ѝ добра свекрва на неговата поранешна сопруга“.

Свекрва побарала ДНК-анализа за внукот, па жестоко зажалила: Кога пристигнале резултатите, сите се шокирале!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.