Зошто сопругата на Михаел Шумахер 10 години ја крие вистината за неговата состојба? 6 месеца поминал во вештачка кома!

Зошто семејството 10 години молчи?

Што се случува со Михаел Шумахер 10 години по мистериозната несреќа во француското одморалиште?

Поминаа точно 10 години откако Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа на скијање во француското одморалиште Мерибел на 29. декември, 2013 година.

Легендата на Формула 1 ја удрил главата од карпа додека скијал надвор од патеките во Мерибел. Иако носел шлем, повредите биле многу тешки. Веднаш бил префрлен во болница со хеликоптер.

По две операции, Шумахер бил ставен во медицински индуцирана кома 6 месеца за да се намалат отоците на мозокот.

Шумахер бил префрлен во друга болница во Лозана, Швајцарија, откако се разбудил од кома во 2014. и по 250 дена, на крајот му било дозволено да се врати во својот дом на Женевското езеро.

Долги години се чуваше вистината за состојбата на Шумахер во строга тајност, а неговото семејство ги сведе јавните изјави на минимум.

„Заедно сме, живееме заедно дома“, рекла тогаш 52-годишната Корина, сопругата на Шумахер, која оваа несреќа ја опишала како нешто што не можела да го сонува ни во најлошиот кошмар.

„Правиме терапии, правиме сè што можеме за да му биде подобро на Михаел и за да му биде удобно, едноставно за да го почувствува нашето семејство, нашата врска. Многу ни недостасува, но тој сè уште е тука…“

Семеен пријател открил за медиумите дека Михаел е жив само благодарение на Корина и нејзината пожртвуваност:

„Поминав многу време со Корина откако Михаел доживеа сериозна несреќа на скијање“, рекол тој.

„Таа е одлична сопруга и се грижи за семејството. Не го очекуваше ова. Тоа се случи одненадеж и немаше избор. Но таа одлично се снаоѓам. Јас ѝ верувам, таа ми верува мене. Благодарение на неговите доктори и на соработката со Корина, која сакаше да преживее, тој преживеа – но со последици.“

Меѓутоа, никому не му е јасно во каква состојба е Михаел Шумахер, а тоа што неговото семејство не открива дополнителни детали, создава уште поголема фама околу целиот случај. Поради тајните и молкот, се измислуваат приказни што не се точни.

„Парализиран е и има проблеми со помнењето“, признал еден негов пријател.

Меѓутоа, Корина за документарецот на Нетфликс открила зошто не ги кажува деталите за здравствената состојба на нејзиниот сопруг:

„Се обидуваме да продолжиме како семејство, онака како што Михаел сакаше и сè уште го сака тоа, и ние продолжуваме со своите животи. Многу ми е важно тој да продолжи да ужива во својот приватен живот што е можно повеќе. Михаел секогаш нè штитеше, а сега ние го штитиме него.“

Сега, неговиот брат Ралф Шумахер навестил дека брат му Михаел можеби никогаш нема да закрепне од несреќата, бидејќи веќе ништо не е како што било некогаш, и покрај сите високотехнолошки медицински третмани.

„Ми недостасува Михаел од старите денови. Животот е неправеден одвреме-навреме. Тој имаше многу среќа во текот на животот, а потоа се случи оваа трагична несреќа која промени сè“, рекол брат му.

Зошто сопругата на Михаел Шумахер 9 години ја крие вистината за неговата состојба: Иако се расплакала, никој не ѝ верува ни збор
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.