Зошто сопругата на Михаел Шумахер 9 години ја крие вистината за неговата состојба: Иако се расплакала, никој не ѝ верува ни збор

Неверојатно

Сопругата на Михаел Шумахер конечно проговорила за здравјето на својот сопруг во јавност

Откако пред 9 години повеќекратниот шампион на Формула 1, Михаел Шумахер доживеал повреда на главата, само може да се претпоставува за неговата здравствена состојба.

Некогашниот агент и пријател на славниот возач на Формула 1, Вили Вебер, неодамна изнел шокантни тврдења дека семејството на германскиот ас цело време ја лаже јавноста и дека сопругата конечно мора да ја каже вистината.

Токму во екот на ова обвинување, Корина Шумахер се појавила во Келн за да ја прими специјалната награда за хуманитарна работа од покраината Северна Рајна-Вестфалија, во име на сопругот. На церемонијата присуствувала и нивната ќерка Џина.

Љубовната приказна на Михаел и Корина започнала во 1991 година, пред да стане прва во возење формула.

Приватниот живот го чувале далеку од очите на медиумите, а со оглед на тоа што таа цврсто се придржува до заветот за молчење, за сето ова време има дадено само неколку кратки изјави. Уште поретко се појавува во јавност. Ова било ретка можност да ја видиме.

За тоа каква е всушност нивната ситуација сега не се знае многу освен што се знае дека Михаел може да седи и да комуницира со очи.

Поранешниот шеф на Ферари, Жан Тод, минатата година имал само пофални зборови за неа.

„Поминав многу време со Корина од неговата повреда на 29 декември 2013 година. Таа е прекрасна жена и се грижи за целото семејство. Не очекуваше дека ќе биде вака, сѐ се случи многу брзо и едноставно немаше избор. Но успева, ѝ верувам и таа ми верува мене. Багодарение на докторите и на соработката на Корина, која сакаше тој да преживее – тој преживеа, но со големи последици. А сега се борат со тие последици. Се надеваме дека работите полека, но сигурно, ќе се подобрат“, рекол Тод.

Во едно интервју Жан истакнал дека поминува многу време со Михаел. Ако Корина е таму, тие двајца вечераат заедно, а ако не е, седат сами. Дали Михаел го препознава, Тод никогаш не дал појасен одговор од насмевка и замавнување со раката.

Ова е ќерката на Михаел Шумахер: Неверојатно е тоа колку личи на татко ѝ!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.