Ова е ќерката на Михаел Шумахер: Неверојатно е тоа колку личи на татко ѝ!

Пресликана!

Џина Шумахер, наследничката на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, има 25 години

Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер (53), пред осум години доживеа морничава несреќа на скијање, поради која падна во кома, бил опериран и оттогаш не е многу познато во каква здравствена состојба е.

Најголема поддршка на славниот спортист му е сопругата Корина и нивните две деца, ќерката Џина и синот Мик.

Додека синот Мик тргнал по стапките на татко му учествувајќи во трки, неговата две години постара сестра исто така е дел од спортскиот свет, но како успешна џокејка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gina Schumacher (@gina_schumacher)


Џина Марија Шумахер е родена на 20 февруари 1997 година и како што открила во интервју за германската телевизија НДР, за малку ќе тргнела по стапките на својот славен татко откако една сезона се занимавала со картинг.

Меѓутоа, Џина Марија признала дека повеќе ги сака коњите, па својата страст ја насочила кон вестерн јавањето.

Доказ дека тоа одлично ѝ оди е и фактот што во август 2017 година освоила златен медал на Светското првенство во Швајцарија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gina Schumacher (@gina_schumacher)


Оваа млада девојка е во врска со Иан Бетке, скокач кој редовно ја бодри на натпреварите.

Да се потсетиме, седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, бил тешко повреден на 29 декември 2013 година, по пад за време на скијање на француските Алпи. Тогаш се здобил со трауматична повреда на мозокот по падот и ударот во камен, па бил ставен во медицински предизвикана кома.

Малку информации се објавени за неговата состојба, откако бил префрлен во својот дом во Швајцарија, кога излегол од кома шест месеци по несреќата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gina Schumacher (@gina_schumacher)

Како и остатокот од нејзиното семејство, Џина се воздржувала од тоа јавно да зборува за состојбата на татко ѝ. Меѓутоа, таа повремено споделува семејни фотографии на Инстаграм.

Михаел Шумахер 6 години по несреќата: Сопругата ја крие вистината за неговото здравје?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.