Михаел Шумахер 6 години по несреќата: Сопругата ја крие вистината за неговото здравје?

Не закрепнал по тешката повреда на главата

Се шушка дека сопругата Корина не дозволува да се дознае ништо за неговата состојба

Целиот свет остана шокиран во 2013 година кога се прочу дека познатиот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, имал тешка несреќа на скијање.

Седмократниот шампион во автомобилски трки тогаш се здоби со тешка повреда на главата, поради која долго беше во кома и поради која животот долго му беше загрозен. Цел шест години по несреќата, никој не го видел Шумахер во јавност, а познатиот италијански неврохирург Никола Ачари тврди дека состојбата дополнително му се влошила.

„Тој не е веќе човекот на кого се сеќаваме од автомобилските трки“, тврди доктор Ачари.

„Тоа мора да го разбереме, бидејќи поради повредата на мозокот што ја доживеа, тој сега има целосно променета мускулна и коскена структура“, откри неврохирургот.

Шумахер и понатаму живее во својата вила на Женевско езеро со сопругата Корина и нивните две деца. Од несреќата, многу малку се знае за неговата состојба, бидејќи ни сопругата ни децата не сакаат да откриваат информации, но Жан Тот, поранешниот менаџер на познатиот возач, открил во декември 2019 дека Михаел се’ уште се бори. До тој заклучок дошол кога го посетил Шумахер во неговата вила, за заедно да следат Grand Pri.

https://www.instagram.com/p/B62j_CWIYIF/

„Секогаш сум внимателен со соопштенијата од ваков тип, но тоа е вистина. Ја гледав трката со Михаел во неговата куќа во Швајцарија. Тој е во најдобри раце и има најдобра нега дома. Не се откажува и продолжува да се бори“, открил Тот.

Сепак, Тот открил дека Михаел не може да комуницира онака како што можел порано.

„Нашето пријателство не е исто како порано, бидејќи веќе не постои комуникацијата што некогаш ја имавме“, признал некогашниот менаџер на Шумахер.

Сепак, неговиот стар пријател Вили Вебер минатата година ја шокирал јавноста кога рекол дека Корина ја крие вистината за здравствената состојба на нејзиниот сопруг.

https://www.instagram.com/p/B7kDFHVB34M/

„Знам дека Михаел е тешко повреден, но не знам како напредува. Би сакал да знам како му е, да го стегнам за рака и да му го видам лицето, но неговата сопруга Корина не го дозволува тоа. Најверојатно се плаши дека ќе видам што се случува и дека ќе и’ ја кажам вистината на јавноста. Сепак, цврсто верувам во закрепнувањето на Михаел, бидејќи знам каков борец е тој. Ако постои шанса, тој ќе ја искористи. Ова не може да биде крајот. Се молам за него и убеден сум дека повторно ќе се видиме“, изјавил Вебер.

На 29 декември 2013 година, Михаел Шумахер се здоби со тешка повреда на мозокот, кога на скијање ја удрил главата од карпа. Три месеци поминал во индуцирана кома, за да можат докторите да му го спасат животот. Со оглед на тоа што неговото семејство не се огласува по повод неговата здравствена состојба, на јавноста и’ остана само да погодува како сега се чувствува некогашниот шампион во Формула 1.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.