Трепките се скратуваат, носот станува поголем: Еве како се менува телото по 50-тата година!

Дали сте знаеле?

Никој не успеал да побегне од забот на времето…

Како што минуваат годините така и нашето тело се менува во чекор со времето. Можеби не ги забележуваме толку тие промени бидејќи секој ден се гледаме во огледало, но ова се деловите од телото што се менуваат во текот на животот, односно се зголемуваат или смалуваат, особено по 50-тата година…

Трепките се скратуваат

Влакната на трепките со текот на годините стануваат сè пократки. Честопати причината за тоа се спуштени капаци, разни алергии, недоволна нега или нарушена функција на тироидната жлезда. Со текот на времето, трепките се проретчуваат и стануваат пократки.

Носот станува поголем

Визуелно, со текот на времето кожата околу носот паѓа и носот повеќе доаѓа до израз. Но и ткивото и ‘рскавицата на носот се менуваат и доаѓа до благо зголемување. По 50-тата година започнуваат овие промени, а врвот на носот почнува да се витка надолу.

Колковите се стеснуваат

Жените, особено оние што имаат многу женствена линија на телото, заклучиле дека со текот на годините струкот им се проширува, а колковите им се стеснуваат. Или барем така изгледа визуелно, бидејќи кога ќе ни се зголеми струкот, колковите автоматски изгледаат потесни.

Стапалата се зголемуваат

Лигаментите и тетивите во стапалата со текот на годините стануваат понестабилни, па стапалото се издолжува и се шири. Па така, може да се случи одеднаш да забележиме дека ни требаат обувки за еден, па дури и два броја поголеми.

Отпечатокот на прстите се менува

Научниците од Калифорнискиот универзитет ги истражувале отпечатоците на прстите кај 15.000 луѓе и откриле дека и тие може да се променат со текот на годините, верувале или не!

Зрелите години никогаш не биле подобри: Еве кои позитивни промени ги чувствува секоја жена во 40-те и 50-те години!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.