Зрелите години никогаш не биле подобри: Еве кои позитивни промени ги чувствува секоја жена во 40-те и 50-те години!

Предности по 40-та година

Не се вели без причина дека зрелите години се најдобрите години

Кога жената ќе зачекори во 40-та година, доаѓа до хормонски промени и до забавување на метаболизмот. Иако некои дами се плашат од зрелите годините, тие со себе носат и некои позитивни промени.

Помалку се потите

Во зрелите години се менува структурата на потните жлезди, па помалку ќе се потите. Исто така, се намалува и мирисот на потта што го предизвикуваат бактериите на нашата кожа.

Се намалуваат алергиските реакции

Многу луѓе се борат со сезонски алергии на полен и на амброзија. За нив пролетното време е синоним за симптоми на настинка. Меѓутоа, имунолошкиот систем на луѓето во зрелите години не е веќе толку осетлив, па послабо реагира на полен и слично.

Акните исчезнуваат

Со доаѓањето на менопаузата, се забавува производството на потните жлезди на нашата кожа. Предност? Претераниот себум нема да ги затнува порите, а тоа е инаку најголемата причина за појава на акни и митесери. Тоа значи дека луѓето што во тинејџерските години имале масна кожа, можат да очекуваат нормална кожа по 50-та година.

Главоболките исчезнуваат

Мигрената е една од најчестите типови главоболка и многу е болна. Повеќе ги напаѓа жените од мажите. Во 30-те години нападите го достигнуваат врвот на интензитетот и зачестеноста. Меѓутоа, по 40-те состојбата се подобрува. Кај 40% од пациентите со мигрена во 50-те и 60-те години од животот, нападите на главоболка се многу ретки или потполно исчезнуваат.

Порано се будите

Во зрелата доба се менува телесното производство на хормонот за спиење – мелатонин. Навечер порано се јавува поспаност, но наутро се будиме порано. Сонот исто така е подобар. Истражувањата покажале дека луѓето во 80-те години најдобро спијат, па проблемите со спиењето се намалуваат или потполно исчезнуваат со текот на годините.

Модна заклетва на модерните жени: Кога ќе наполните 50, не смеете да изгледате вака!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.