Табата: Краток домашен тренинг за брзо губење на маснотии и телесна тежина

Брзо и ефикасно

Табата е вид на HIIT тренинг (интервален тренинг со висок интензитет) кој станува сè попопуларен во последните неколку години.

Она што го издвојува Табата тренингот од масите е фактот дека станува збор за научно докажан метод на вежбање од страна на јапонскиот научник Изуми Табата. Неговото истражување докажа дека интервалите од 20 секунди работа со висок интензитет и 10 секунди одмор се најефикасни за истовремено зголемување на аеробниот и анаеробниот капацитет. Предноста на Табата тренингот е тоа што трае четири минути, во рамките на кои правите 20 секунди се вежби и 10 секунди одмор.

Паузите и вежбите се менуваат преку осум сета, давајќи ви четири минути многу интензивен тренинг. Препорачливо е да направите четири повторувања, што значи дека ќе завршите со шеснаесет минути тренинг. Разликата помеѓу Табата тренингот и други тренинзи во интервал е во интензитет, кај Табата тренингот паузите се пократки од сетовите за вежби. Таа е идеална за луѓе кои сакаат да ги отстранат масните наслаги, за оние кои немаат многу време за вежбање и за сите оние кои не сакаат да користат дополнителна опрема при тренинг.

Но, важно е да се напомене дека Табата тренингот не е погоден за почетници, односно за луѓе кои не се во форма. Експертите велат дека за четири минути на ваков интензивен тренинг, можете да постигнете подобри резултати од класичниот шеесетминутен аеробен тренинг. Ако сакате да започнете со Табата, ви донесуваме Табата за почетници:

Прочитајте и: Тренинг за подобра кожа! Комбинирајте ги вежбите!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.