Модна заклетва на модерните жени: Кога ќе наполните 50, не смеете да изгледате вака!

Добро прочитајте

Трендовите доаѓаат и си одат, но ниту еден од нив не го носи вистинскиот рецепт за добар стил во шестата деценија од животот

Дамите што внимаваат на својот стил, внимаваат и на тоа што им прилега на нивните години. Обрнете внимание на овие ситници и добро запомнете ја следнава модна заклетва. Ова се работите што не ви требаат во вашиот плакар…

1. Превисоки потпетици

Превисоките потпетици се ужасно неудобни за стапалата. Предизвикуваат непријатност и болка, но и медицински проблеми. Исфрлете ги сите високи потпетици што со години ве мачеле. Во секој случај, по 50-от роденден повеќе немате сила да го трпите она што ви било лесно во триесеттите.

2. Танга-гаќички

Тангите се исклучително неудобни. Можеби изгледате секси и заводливо во нив, но зошто би ги носеле секој ден или на работа? Чувајте ги за специјални вечери, бидејќи покрај непријатност, тие можат да предизвикаат и разни инфекции и иритации. А и да не се лажеме, вашиот задник веројатно не изгледа така како кога првпат сте го облекле овој модел долна облека.

3. Долга и рамна коса со патец на средината

Се сеќавате на фризурата од 1960-те? Нејзини вистински претставнички се жените од Вудсток. Многу дами ја обожаваат оваа фризура до која се придржуваат со години. Сепак, кога станува збор за косата, промената секогаш е добра опција. Ако направите некоја промена од која не сте задоволни, ништо страшно, косата повторно ќе порасне. Пробајте трендовска разиграна фризура со кркми. Гледајте должината да биде максимум до рамената, така ќе избришете 10 години од лицето!

4. Едноделни парчиња облека

Знаете дека сега се во тренд слатките комбинезони? Но, сепак, тоа е за помлади девојки. Мора да разберете дека на секоја повозрасна жена нема да ѝ одговара овој модел. Идејата да го откриете целото тело, додека нозете и колената ви се стегнати, не е баш најдобра. Немојте да се одлучите ни за варијанта со краток комбинезон. Тоа е сепак модел што го обележи вашето детство, па нека остане таму.

5. Вештачки нокти

Вештачките нокти секогаш изгледаат лажно, а не негувано, здраво и природно. Покрај тоа, одржувањето такви нокти е постојан трошок ако сакате да изгледаат уредно.

6. Појас и мидер

Кога сте во 50-те години, работите се менуваат. Вашето тело ја менува формата, но појасот и мидерот никако не се вистинското решение. Поради стегањето во пределот на стомакот, цел ден ќе бидете нервозни и ќе сакате што поскоро да го извадите од себе.

7. Плитки фармерки

Фармерките со низок струк повеќе немаат место во животот на дамата која зачекорила во шестата деценија од животот. Тесните фармерки со висок струк се полн погодок за овие години, особено ако сте успеале да ја задржите витата фигура.

8. Црно моливче на капаците и маскара на долните репки

Одлична идеја за шминкање очи, нема што! Но за некој друг. Повозрасните дами најчесто носат очила, честопати имаат ситни брчки, па и темни кругови околу очите, а моливчето и маскарата на долните трепки само ги нагласуваат овие недостатоци.

Стил кој воодушевува: Мажите обожаваат да гледаат ваква гардероба на жените!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.