Вака се облекуваат Французинките наесен: Тие знаат најдобро!

Слободно можете да ги копирате

Овие 8 парчиња ги носат речиси секојдневно

Стилот на парижанките е еден од најпопуларните и најдобрите избори ако сакате да ископирате некого – тие едноставно знаат најдобро и иако не се препорачува да копирате нечиј стил, кога станува збор за Французинките, слободно можете да го направите тоа.

Тие се вистински експертки за комбинирање стил и удобност, љубителки се на едноставноста и елеганцијата, без комплицирање, и токму затоа нивниот стил на облекување е број еден.

Еве кои парчиња ги носат тие наесен за секогаш да изгледаат шик и отмено!

1. Блузи со линии

Маицата со линии можеби ви делува како клише, но блузата со препознатлив дезен доволно е моќна за да ја подигне секоја комбинација на повисоко, поотмено ниво. Најдобро е да ја комбинирате со класични парчиња, како панталони и едноставен мантил.

2. Тренч-капут

View this post on Instagram

Love this 🚦 #trenchcoat #coat

A post shared by dior style Home (@diorstyle_home) on

Секоја парижанка има барем еден и одличен е за да се носи на почетокот на есента и во текот на мрачните врнежливи денови.

3. Цевка-панталони

View this post on Instagram

Rate this outfit from 1-10 🖤 @pepamack

A post shared by Nordic Style Report (@nordicstylereport) on

Идеални се за сите пригоди, од одење на работа до вечерно излегување и затоа им се омилени на Французинката, а притоа изгледаат исклучително скапо и отмено.

4, Мокасини

Удобен пар обувки совршени за есенските денови кога времето повеќе не дозволува сандали, а сè уште не е толку ладно за да носиме чизми. Французинките не подлегнуваат на актуелните трендови – тие знаат дека парот квалитетни, кожени мокасини со едноставен изглед, евентуално со некој дискретен украс, секогаш се полн погодок, бидејќи изгледаат елегантно, а се вклопуваат во секоја модна комбинација.

5. Беретка

View this post on Instagram

C H R I S T M A S Gift ideas🎁🎅🤶 . Ethical Fashion is when your purchase changes lives. It is positive Fashion. The buyer is a Conscious consumer and we conscious of Stlye, People and Planet are Conscious producers = Great purchases for Chrstmas🎅🎁 . . Our woven cloths, berets, scarves, shoelaces and other accessories are made by mothers with hearing impairments. Made in Togo, West africa . . Despite the Ladies having learnt a trade to support their families, sadly they have a small client base due to poor understanding of their customers tailoring needs . So we found a small organisation that has brought them together and we the producer become their direct customer . . With these products we support deaf mothers and their families stay in business💚💚💚 . . And their craft does not disappoint🥰 . . 20 more ladies hoping to be engaged. Together we can make it happen . Our indigo print Made in Togo dress has a strip of their woven cloth along the back . . Shop Ethically produced. Support Conscious Fashion💚💚💚 . . Model: Emily @emilymariebartling

A post shared by Victoria Grace 🇬🇧🇳🇬🇩🇪🇹🇬 (@victoriagracefashion) on

Ова симпатично капче е еден од синонимите за вистински француски шик. Никогаш не излегува од мода и совршен детаљ е кога сакате да ви биде топло, а истовремено да изгледате модерно и отмено.

6. Класична кожена чанта

Трендовите и сезоните доаѓаат и си заминуваат, но Французинките речиси слепо се придржуваат до класиците кога станува збор за чанта. Класична црна или кафена кожена чанта е еден од основните завршни парчиња кои парижанките ги вклопуваат во речиси секоја можна комбинација.

7. Очила за сонце

Летото можеби заврши, но тоа не значи дека треба да ги одложите очилата за сонце до пролетта. Французинките ги носат бидејќи со вистинскиот избор на модел, секогаш изгледаат софистицирано, а притоа им помагаат да го сокријат трагите од непроспиените или лудите ноќи.

8. Ролка

Нема поубаво и попрактично модно парче од црната ролка. Се комбинира лесно со сите можни парчиња, од здолништа во весела боја до фармерки и класични панталони, а соодветна е за секоја пригода. Освен црна, пожелни се и други неутрални бои, како бела, беж и пудра-розова.

3 најубави модни комбинации: Спојте ги летото и есента во еден стајлинг!
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време